MKDNews.com

Мировен протест по повод 100 години Букурешки договор во Мелбурн

август 10
11:25 2013

Околу 3,000 македонци од сите делови од Австралија допатуваа да го искажат својот револт против оние кој пред 100 години ја поделија Македонија.
Денес сите патишта водеа до Викторискиот Парламент во Мелбурн каде беше чест да се биде дел од овој Мировен Протестен марш по повод 100 години Букурешки договор.

– За Македонците од сите делови на Македонија во целиот свет Букурешкиот договор повеќе не важи.
Затоа бараме права и слободи во земјите кадешто живееме, извинување и репарација за штетите предизвикани од Балканските војни до денес, враќање на граѓанските, имотните, наследните права и државјанствата на насилно прогонетите Македонци од Егејскиот дел на Македонија,
Поворката започна со едноминутно молчење за сите загинати борци од организациониот одбор на чело со Џими Котевски.

519289

Фото: falanga.com.au

Говор одржаа Гордана Димовска, Дијана Мицалевска и Џајсон Ацевски
Бараме, нагласи, и безусловен крај на разговорите за државното име и продолжување на членството на Македонија во ОН и сите меѓународни организации под единственото име Македонија со можност за употреба на уставната додавка Република без латинична транскрипција на макеоднскиот јазик, туку на англиски јазик Republic of Macedonia, со меѓународниот код МК, односно МКД и нотификација на македонскиот народ и јазик без транскрипција, туку на англиски јазик the Macedonian people и the Macedonian language.

Името на државата, како што се што посочи, е гаранција и за името на нацијата и на јазикот, бидејќи, како што рече, од името на државата произлегуваат и имињата на јазикот и на нацијата.

Се нагласи дека и на ова Генерално собрание ќе се реафирмира неотуѓивото право на Македонците на самоопределување и самоидентификација, но и правото на обединување на Македонија по мирен пат во согласност со меѓународното право.

– За окупацијата и геноцидот простуваме, но не ги забораваме. Испраќаме искрена порака за мир и во таа насока нудиме потпишување договори за траен мир и добрососедство меѓу Македонија и нејзините соседи Грција, Бугарија, Србија и Албанија се рече овој ден пред присутните и сите спотени задолни си заминаа дома.
Денешната резолуција ке се достави на писмено до Обединетите нации и до многу друѕги еминентни организации ширум светот.

100.мel

Една напомена дека голем дел од „Македонската медиа“ направија се` да го бојкотираат овој настан но без успех – македончето е како пирејот колку го ништиш тоа повеќе го има така беше и денес во доволен број каде беше препознатлив со националните знамиња во самиот центар во Мелбурн пред Викторискиот парламент.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.