MKDNews.com

Министерот Наумоф во посета на Битола (видео)

август 08
00:25 2013

Градоначалникот на Битола, членови на социо – економскиот совет и неколку стечајни управници од градот, повеќе од два часа му ја објаснуваа состојбата во пелагониската економија на министерот за привлекување на странски инвестиции, Џери Наумоф. На средбата министерот доби информации за пропаднатите фирми за време на транзицијата, но и за можностите за инвестирање во Индустриската зона Жабени.
Министерот Наумоф и неговите соработнии, трпеливо и со внимание ги ислушаа присутните на средбата. Потешката работа ќе биде “фатените” белешки да се преточат во понуди, идеи и планови за инвеститорите кои размислуваат капиталот да го донесат во Македонија.

По средбата во зградата на Општина Битола, министерот за првлекување на странски инвестиции посети неколку стопански објекти во градот и од прва рака слушна за состојбите во битолската економија.

„Со оваа средба уште еднаш ги разоткриваме потенцијалните можности и вредности во смисла кои се, дали ги има и во колкава мера, се со цел подобро фукционирање во областа на битолското стопанство“, рече Градоначалникот Талески на денешната средба.

По средбата Министерот Џери Наумов и Градоначалникот на Општина Битола, М-р Владимир Талески најавија посета на битолската фирма Цермат.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.