MKDNews.com

Металург – Иври во финалето на „Струга 2013“

август 17
00:21 2013

Ракометарите на Металург и францускиот претставник Иври, ќе играат во финалето на 41. издание на традиционалниот меѓународен турнир „Струга 2013“
Металург очекувано убедливо го победи францускиот второлигаш Версај со 33-19 (19-11) во третиот натпревар од својата група. Червар само во првите 20 минути им даде можност да играат на Н. Мојсоски, Миркуловски, Вугринец и останатите поискусни играчи.
Резултатот по навика прв го “отвори” бекот Ренато Вугринец, а најефикасен на средбата кај ракометарите од Автокоманда, беше крилото Златко Мојсоски со седум гола, додека кај противникот Мохамед Лемедетеб со осум. Во првотом полувреме бранеше Петар Ангелов (седум одбрани), а во второто Никола Митревски (осум одбрани).

Сепак, во денешното финале, ќе изостане посакуваниот и очекуван дуел помеѓу големите ривали Металург и Вардар, кој го посакуваше целата спортска јавност во Македонија. А за тоа се погрижи францускиот прволигаш Иври, кој неочекувано го совлада Вардар со 30-29, иако „црвено-црните“ на полувремето водеа со 18-14, а во вториот дел во еден момент и со осум гола. Но, вардарци во финишот на средбата, направија и премногу катрастофални грешки.

Поради дожд, натпреварите се одиграа во спортската сал во Струга, а поради доцниот термин, дуелот Струга – Мешков Брест беше одлоѓен и презакажам за в сабота.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.