Металург го победи Пик Сегед со победа од 10 разлика!
Ракометарите на Металург со убедливата победа над Пик Сегед од 26:16 (полувреме 13:11) во првиот плејоф натпревар, направија голем исчекор кон пласманот во групната фаза во Лигата на шампиони. Второто полувреме ќе го спомнуваме долго во оваа сезона затоа што тогаш падна пресудата за победникот. Металург го доби овој период со неверојатни 13:5, а прв фактор за ваквиот развој е Дарко Станиќ кој оствари влезе во елемент.
Во првото полувреме чекавме 18 минути за првата интервенција на српскиот голман, но во второто имаше дури девет од 11-те на крајот, па го одрече и онака конфузниот напад на Пик Сегед.
Нашиот, пак, беше беспрекорен, безгрешен…Бековската линија беше константна закана и на крај заврши со вкупно 13 погодоци, Вугринец 5, Атман 4, Мојсовски 3 и Миркуловски 1 гол. Херојот на вечерта беше Дејан Манасков кој имаше враќање од соништата по паузата поради повреда. Тој ја предводеше нашата убиствена контра и со шест погодоци беше најефикасен на натпреварот.
Металург веќе ја мириса елитата и практично е пласиран во ЛШ. Останува само да ги одбрани овие 10 разлика и да го формализира успехот на реваншот во Сегедин, в недела.
(Македонски спорт)
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment