Метална конструкција усмрти работник во Кавадарци
август 06
15:18
2013
Работник починал откако метална конструкција попуштила и се срушила врз него, информираат од Министерството за внатрешни работи.Кавадарчанец вработен во шумското стопанство „Бор – Кавадарци“, утринава околу 9 часот трагично настрадал во несреќа на работното место.
Според МВР 59 годишниот Митре Д. починал од здобиените повреди откако метална контрукција се урнала врз него.
Во моментов трае увидот на полициските екипи при што треба да се утврдат причините за уривањето на скелето што го чинеше живот овој градежен работник.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment