Месиќ:Европа не доволно ја притиска Грција за името
август 27
15:54
2013
-На грчката страна нема доволно разбирање, а мене ми се чини дека не постои и доволен притисок на Европа врз Грција за да се забрза решевањето на македонско-грчкиот спор – изјави поранешниот претседател на Република Хрватска Стјепан Месиќ по средбата со градоначалникот на Охрид Бакрачески.
– Од македонска страна, прашањето за јазикот и за името на државата е длабоко национално прашање.
На друга страна, за истата работа постои Грција за која тоа е едно политичко прашање кое треба да се реши на политички начин.
Тоа нема никакво влијание на животот во Грција,напомена Месиќ.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment