Меркел: На Грција не и е местото во еврозоната!
На Грција не и местото во еврозоната, порача германската канцеларка Ангела Меркел во предизборно обраќање во градот Реденсбург.
„Грција не требаше да биде пуштена во еврозоната”, рече таа пред околу 1.000 приврзаници, обвинувајќи го екс канцеларот Шредер дека ја примил Грција во монетарната унија во 2001, со што ги ослабнал активностите на пактот за стабилност.
Овие погрешни одлуки доведоа до денешните проблеми, оцени Меркел, чија порака е протолкувана како обид да ги убеди гласачите дека во иднина нема да има бонуси за проблематичните земји во унијата.
Изјавата на канцеларката доаѓа во момент кога во Германија растат стравувањата дека политичарите ќе донесат одлука за нов отпис на грчките долгови, од чија мерка, најмногу ќе настрада федералната Република, која е еден од најголемите кредитори на Атина.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment