MKDNews.com

Меѓународен фолклорен фестивал „Пображење“ во Вевчани

август 17
00:46 2013

Од денеска до 19 август во Вевчани ќе се одржува Меѓународниот фолклорен фестивал „Пображење“, на кој и годинава ќе биде претставена македонската култура и традиција со учество на домашни ансамбли и етно состави, но и културното наследство на Турција, Србија, Романија, Бугарија и Црна Гора.

Во рамки на фестивалот ќе има научна вечер на тема „Играорната традиција во Вевчани, достоинствен чувар на македонската изворна култура 1947-1973-2013“, на која ќе говорат етномузикологот Велика Стојкова-Серафимовска, етнологот Блаже Палчевски, универзитетскиот професор Рубин Земон, наставникот по музика Аргил Мукоски и хроничарот на Вевчани Анастас Кусковски.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment