Марш по повод 50 години од “Јас Имам сон” на Мартин Лутер Кинг (видео)
Илјадници луѓе се собраа во американскиот главен град за да одбележaт 50 години од познатиот “Јас имам сон” говор за граѓанските права, на Мартин Лутер Кинг, јавуваат американските мадиуми.
Граѓанските активистите за права дојдоа во Вашингтон со загриженост, каде се вклучени работните места, правото на гласање и оруженото насилство.
Тие маршираа до Линколн меморијалот и новиот споменик, Мартин Лутер Кинг Џуниор Меморијалот.
Мајката на Трејвон Мартин, црниот тинејџер убиен во Флорида минатата година, беше меѓу оние кои зборуваа.
Сабрина Фултон изјави дека многу млади Афро-Американци се оставени да се плашат од ослободителната пресуда на неговиот убиец, Џорџ Зимерман.
Мартин Лутер Кинг, кој беше убиен во 1968 година, предводеше околу 250.000 луѓе пред Линколн меморијалот во Вашингтон каде го одржа славниот говор.
„Јас имам сон дека моите четири мали деца еден ден ќе живеат во една нација каде што тие не ќе бидат судени според бојата на кожата, туку според содржината на нивниот карактер.“ е дел од славниот говор на Мартин Лутер Кинг.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment