Марија Шарапова планира од следната недела да се презива Шугарпова
Руската тенисерка сака под ова име да „дебитира“ на УС опен и сето тоа како маркетинг-алатка во интерес на нејзината фирма за бонбони „Шугарпова“.
Нејзиниот план е да си го смени презимето само за кратко, додека трае УС опен, затоа што најголемиот пазар за нејзините бонбончиња се токму Соединетите Американски Држави. Меѓутоа, не зависи сè од неа.
Процедурата стои кај Врховниот суд во Флорида, каде што живее. Ако Судот одобри, потоа топката се префрла кај грен-слем комитетот. Ако и тој даде дозвола, трета носителка на УС опен ќе биде Марија Шугарпова.
Ова лето таа пушти во продажба гумени бонбони во 15 различни вкуса и тоа по цена од 4,99 или 5,99 долари за парче. „Нашата цел не е на полиците да стоиме до бонбоните од еден или два долара“, изјави агентот на Шарапова, Макс Ајзенбург.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment