MKDNews.com

Марихуана расте пред полициска станица (фото)

август 13
21:21 2013

Граѓаните на српското гратче Мајданпек забележале многу необично растение на само 20 метри од полициската станица.368709_majdanpek-02-stabljika-marihuane-ispred-policijske-stanice_ff
Во тревникот, меѓу розите, се наоѓа стебло на марихуана. Иако одгледувањето на оваа билка е забрането со закон, никој од полициската станица во Мајданпек не преземал мерки за нејзино отстранување.

Чудно е тоа, што ниту вработените во Јавното комунално претпријатие кои се задолжени за одржување на земјиштето и тревната површина не го забележале стеблото.
Официјален коментар на надлежните институции за оваа случка засега нема, иако марихуаната се наоѓа во центарот на градот, пишува Блиц

 

Фото Блиц

Фото Блиц

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.