Манинг сака животот ќе го продолжи како жена по име Челси
По само еден ден откако беше осуден на 35 години затвор заради оддавање тајни на Викиликс, Бредли Манинг(25) во пишана изјава за американската телевизија НБЦ рече дека животот ќе го продолжи како жена – Челси Манинг.
„Се викам Челси Манинг. Јас сум женско”, ја започнува својата изјава Манинг. „Со оглед на тоа како се чувствувам во моментот и како се чувствувам уште од детството, имам намера што поскоро да започнам со хормонска терапија. Се надевам дека ќе ми дадете поддршка во овој транзициски период”, додаде Манинг, барајќи од сега да биде ословуван со женско име.
Во истата изјава, која ја прочитале водителите на популарната емисија „Тудеј”, рече дека верува оти ќе биде помилуван и дека нема да ја отслужи целата затворска казна.
За Манинг од претходно се знаеше дека е хомосексуалец, но податокот дека сака да продолжи да живее како жена е целосно нов.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment