Мал авион се сруши врз две куќи (видео)
Најмалку две куќи се оштетени кога врз нив се срушил мал авион во гратчето Ист Хејвен во американската држава Конектикат , а три лица се водат како исчезнати.Локалните власи пренесуваат дека од трите лица кои се водат како исчезнати две се најверојатно деца , човек кој живее во близина на местото на несреќата за AssociatedPress изјавил дека слушнал како една жена вика дека нејзините деца се наоѓаат во куќата зафатена од огин предизвикан од рушењето на авионот.
Засега нема информации за типот на авионот кој се срушил ниту пак за тоа дали има повредени .
Еден очевидец на инцидентот за Њуз 8 изјави дека авионот буквално влетал во спалната соба во една од куќите.
Инаку инцидентот се случил во близина на аеродромот Твид Њу Хејвен.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment