MKDNews.com

Македонските војници и официјално побараа спас од Бугарија

август 19
21:52 2013

Отпуштените професионални војници по пошта веќе испратија препорачано писмо со кое бараат прием во бугарската амбасада во Скопје, а на кој сакаат да разговараат за нивно преминување во редовите на бугарската војска.

-Ваша ексцеленијо, поради економската крзиата во која се најдовме, а која е последица од отпуштање од АРМ и негрижата од страна на државните органи, а посебно од Министерството за одбрана приморани сме нашиот живот и нашата кариера да ја продолжиме надвор од Македонија.

-Го доставуваме ова барање поради добивање бугарско државјанство и решевање на нашите егзистенцијални проблеми.

-Поради гореневедената фактичка сосотојба се надеваме дека ке најдете слободн термин во вашата преокупирана агенда за заендички да ги разгледаме можностите кои би ни ги понудиле за нашиот случај, напишаа отпуштените професионални војници.

Во разговорот со А1он, Илија Тодев координатор на отпуштените професионални војници потенцира дека голем дел од нив се решени да заминат во бугарската армија, пред се поради егзистенцијални причини. Тој вели дека очекуваат да седнат на маса со бугарскиот амбасадор и да се најде решение за нивниот проблем, кога не може со македонската власт.

Дел од отпуштените професионални војници велат дека со нивното заминување ќе ги отворат вратите и за другите колеги кои сега тајно заминуваат од АРМ во други земји.

-Зошто Авганистан, зошто Ирак? Одиме за леб,не можеме да умираме овде од глад, вели Тодев.

Отпуштените професионални војници се противат на некои од критиките од како што велат „лажните патриоти“ дека не треба да бараат бугарско државјанство и упатуваат дека досега пред нив илјадници извадиле бугарски пасоши.

-Ние мора да го решиме нашето егзистенцијално прашање. Останавме на улица, а државата не сака да слушне за нас. Таа не примора на ваков чекор, вели Тодев.

Од веста дека ќе бараат преминување во бугарската армија до денеска, никој од надлежните во Македонија не покажал некаков интерес за отпуштените професионални војници, ниту пак контактирал со нив.

Според извори на А1он, Бугарија е можно позитивно да одговори на ова барање и тоа во релативно брз период.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.