MKDNews.com

Македонски пратеници се потпишуваат за формирање Голема Албанија

август 17
06:29 2013

Македонски пратеници се потпишуваат на петицијата на Кочо Динај за создавање на Голема Албанија, пишува електронското издание на Дневник.

Петицијата за Природна Албанија досега ја потпишале 37 пратеници, најмногу поддршка има во албанскиот, потоа во косовскиот, црногорскиот како и во македонскиот парламент. До 28 ноември годинава, ќе се изненадите колку многу потписи ќе бидат собрани за поддршка на идејата за обединување на Албанците на една територија – во границите предвидени со акт од пред 100 години, за време на Собранието на Влора (Валона) во 28.11.1912, вели за „Дневник“ Kочо Данај, директор на албанскиот Инситут за регионални прогнози и основач на движењето „Природна Албанија“. вели тој за весникот.

Динај пред еден месец ја започна акцијата за собирње на потписи за формирање на Голема Албанија во која треба да влезат и територии од денешна Македонија.

Кој од пратениците на ДУИ и ДПА се потпишал на неговата петиција, од Тетово и од Мала Речица не сакаат да коментираат за Дневник.

Kочо Данај беше советник во социјалистичката влада на Фатос Нано и Пандели Мајко. Неговата идеја е стара нешто повеќе од три години и предвидува Албанија во 2013 да се обедини според природните граници и тоа во осум фази. Прогнозата е дека с` ќе почне од спојувањето со Kосово и преземањето територии од Западна Македонија, потоа грчката област Чемерија, српската Прешевска Долина и дел од Црна Гора. Во интервју за агенцијата ИНА, тој нагласува дека ако избие трета балканска војна, жариштата ќе бидат северниот дел на Kосово, Македонија, Грција и Босна и Херцеговина.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.