MKDNews.com

Македонската кошаркарска репрезентација го освои првото место на турнирот во Улм

август 25
18:50 2013

Македонската кошаркарска репрезентација го освои првото место на турнирот во Улм, откако ја совлада и селекцијата на Босна и Херцеговина (93-84) во последниот меч и со три победи и со висока самодоверба се враќа во Скопје да ги продолжи подготовките пред стартот на ЕП во Словенија.
Македонија ја доби првата четвртина со 20-17 иако на стартот на дуелот не игравме како што треба. Босанците поведоа со 7-2, но тоа што беше загрижувачки, е податокот што во првите четири минути бевме само еднап прецизни. Но, по тајмаутот на Пипан, нашите се консолидираа и од негатива од три (10-13), дојдовме до водство од 20-13, кое до крајот беше намалено.

Вториот дел од мечот донесе израмнета борба кај двете страни, а Босанците ја добија четвртината со 24-21 па на полувремето се замина нерешено (41-41). Во овој дел од мечот најмногу се истакнаа Војдан Стојановски со 10 поени и Ѓорѓи Чековски кој постигна три повеќе.

Серија од 15-0 за само 85 секунди на крајот на третата четвртина беше пресудна за Босна да заминат во водство од 70-60 на крајот од претпоследниот период. Нашите момци се држеа добро, водевме и со пет поени разлика (55-60), но потоа се случи неверојатен застој во играта на израниците на Пипан, што максимално го искористија Босанците, предводени од Телетовиќ за голем пресврт во резултатот.

Сепак, Македонија не би била една од европските велесили ако не вратеше со ист начин, но уште посилно. Со серија од 23-7 во првите шест минути од последниот период се вративме во игра и дојдовме блиску до победата. До финишот успешно ја чувавме предноста за уште една голема радост на малуборјните наши навивачи кои ја бодреа Македонија во Улм.

Освен Чековски, кој постигна 31 поен, се истакна Владо Илиевски со 20, а Војдан Стојановски даде 12 поена.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment