MKDNews.com

Македонката која одби да биде личен асистент на Субрата Рој (Фoто)

август 17
16:01 2013
12

фото: Телеграф.мк

Младата скопјанка цели три месеци снимаше реклами за познати индиски компании, па така и ја добила понудата за да работи кај познатиот милјардер.
Дваесет годишната Тамара Андреева е Македонката која одби да му биде личен асистент на индискиот милијардер Субрата Рој, пишува Телеграф.мк.

Тамара во Индија беше со посредство на модната агенција „Пантер моделс“, од Скопје, каде цели три месеци снимаше реклами за познати индиски компании. Интересно е тоа што Андреева добила понуда да работи како личен асистент на милјардерот Субрата Рој, но сепак не ја прифатила таа примамлива понуда.

5

– Индија ми беше најдоброто искуство, можам да кажам дека делумно таму запознав уште една поинаква Тамара, едноставно се пронајдов себе си до некаде. Прифатив понуда за да работам во Индија бидејќи сум голем авантурист и сакам да го прошетам буквално целиот свет. Инаку нешто што ќе го паметам цел живот, беше понудата да работам како личен асистент на Субрата Рој-вели младата Андреева.

8

извор и фото: Телеграф.мк

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.