MKDNews.com

Македонка од Австралија жива ја запалила својата пријателка (фото)

август 03
20:00 2013

Дваесети и осум годишната македонка Натали Димитровска е прогласена за виновна бидејќи жива ја запалила својата пријателка Дана Вулин (25), исто така по потекло од Македонија, во февруари минатата година во Перт, Австралија, пренесува Дневник.

452802-dana-vulin

Димитровска се товари за намерно нанесување тешки телесни повреди на сонародничката и се соочува со повеќегодишна затворска казна, која Судот ќе ја објави во октомври. До тогаш Димитровска ќе остане во притвор.

Инцидентот ја потресе јавноста во Австралија, која изминативе една и пол година успеа преку социјалните мрежи, добротворни концерти и други настани да собере пари за лекување на Вулин. Таа по нападот на 60 отсто од телото имала изгореници и десетина дена била во кома, но успеала да закрепНатали Димитровска не. На судењето Вулин се појави со специјален заштитен комбинезон и маска на лицето бидејќи се уште не се зацелени раните од изгорениците. Таа вчера требаше да биде подложена на нов хируршки зафат, но ќе мора да биде под посебни третмани до крајот на животот.

Според пресудата, Димитровска ја нападнала Вулин бидејќи била љубоморна зошто сонародничката има љубовна афера со нејзиниот поранешен сопруг Един Хандановиќ. Обвинетата на 12 февруари под дејство на дрога дошла во станот на Вулин надевајќи се дека таму ќе го затекне Хандановиќ. Двете почнале да се расправаат по што додека Вулин во рацете држела ламба со отворен оган Димитровска кон неа фрлила шише со метилалкохол. Димитровска по нападот избегала и неколку дена се криела, а ја пребоила и косата. Таа купила авионски билет во еден правец за Македонија, но кога дошла на аеродромот, полицијата ја уапсила. По апсењето и за време на судењето Димитровска тврдела дека реагирала во самоодбрана бидејќи Вулин неа ја нападнала.

374975-pn-dana-vulin

– Дана се заврте и зеде спреј солзавец, по што јас веднаш го дофатив првиот предмет што ми дојде при рака и го фрлив кон неа. Инстинктивно реагирав за да се заштитам и не знаев дека е шише со алкохол – плачејќи изјавила Димитровска пред Судот, пренесува Дневник.

Обвинителството ја отфрлило таквата верзија на инцидентот тврдејќи дека Димитровска чекала погоден момент за да ја запали сонародничката. Таа неколку дена пред инцидентот по телефон ~ кажала оти „ќе ~ го уништи нејзиното убаво лице”. Обвинетата потврдила дека избегала без да ~ помогне на пријателката бидејќи се испаничила кога ја видела како гори.

– Останав дома во наредните денови и земав дрога. Ги гледав вестите и му се молев на Бога таа да се разбуди од кома. Бев исплашена и решив да избегам од Австралија. Затоа ги излажав полицајците кога ме уапсија и им реков дека не знам ништо за тоа што ~ се случило на Вулин – рекла обвинетата.

zap

На поротниците им биле потребни три и пол часа да ја донесат пресудата на чие изрекување дошла и Вулин. Пред да слушне што одлучила поротата таа ги држела дланките врз градите, а потоа ги прегрнала мајка си и сестра си испуштајќи воздишка на олеснување.

Сестрата на Вулин, Светлана Величковска, по судењето изјавила дека на целото семејство им олеснило поради одлуката на Судот.

– Им благодарам на сите луѓе што ни помагаа и ни даваа поддршка за цело ова време. Денешната пресуда ни донесе олеснување и уште еднаш да ви се заблагодарам за десетиците илјади коментари за поддршка на фејсбук-страницата „Помош за Дана”, кои многу ~ значеа. Не можеме да бидеме посреќни и со задоволство очекуваме Димитровска да ја добие заслужената долга казна – изјави Величковска.123lead-420x0

Димитровска, пак, ја држела главата во рацете и плачела откако била прочитана одлуката. Нејзините адвокати само кусо изјавиле дека таа е „уништена од пресудата” и оти нема да коментираат додека не ~ биде пресудена казната.

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.