MKDNews.com

Македонија – Литванија 20 часот СЦ ,,Борис Трајковски’’

август 17
17:56 2013

Flag-Pins-Macedonia-LithuaniaСо почеток во 20 часот вечерва македонската машка кошаркарска репрезентација ќе одиграат пријателски натпревар со репрезентацијата на Литванија во СЦ Борис Трајковски. Литванија е наш противник и во групата на европското првенство во Словенија.

Ова ќе биде наш еднинствен пријателски натпревар што нашите репрезентативци ќе го играат на домашен паркет. Пресметката на двата ривали го привлече вниманието на целокупната спортска јавност, па затоа сите билети се распрадедени оддамна. Од кошаркарската федерација на Македонија соооштуваат дека сите граѓани што купиле билети преку системот на МК-тикетс да дојдат до 18 часот во Борис Трајковски и да ги подигнат од билетарата на спортскиот центар.

Полните трибини се гаранција за одлична атмосфера и подгревање на надежите дека може да се повтори одличниот успех од европското првенство одржано токму во Литванија во 2011 година. Се очекува фантастична подршка од трибините.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.