Љајиќ: Државата ќе и помогне на Јованка Броз
Потпредседателот на владата на Србија Расим Љајиќ најави дека државата ќе преземе одредени мерки за да се подобрат условите за живот на вдовицата на поранешниот претседател на СФРЈ Јосип Броз Тито.
– Ќе преземеме низа чекори. Во понедленик ќе разговарам со претставниците на Службата за заеднички работи и ќе најдеме решение и тоа сега, додека таа е во болница, изјави Љајиќ кој истакнал дека вчера разговарал на таа тема со членовите на нејзиното семејство.
Јованка Броз неодамна беше примена во болница, по што проструи информација дека почината, што беше демантирано од докторите од Ургентниот центар.
Дел од босанските медиуми ја објавија веста дека Јованка Броз починала во Клинички центар во Србија како последици на метастазиран карцином.
Веста веднаш се прошири по Балканот, а била иницирана од објавата на еден хрватски новинар на Твитер, кој подоцна била повлечен
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment