MKDNews.com

Лидија Димова : Луѓето од „Македонски манифест“ да се самозапалат

август 12
13:40 2013

Димова на својот Фејсбук профил коментирајќи за палењето на Букурешкиот договор на плоштадот „Македонија” смета дека групата „Македонски манифест” треба да организира колективно самозапалување.

-Што беше тоа владеење на правото?! Мислам дека ефектот ќе биде подобар ако организираат колективно самозапалување!!! , пишува Димова.

Лидија Димова е личноста која во април минатата година како претставник на НВО Македонски центар за европско образование во Брисел скандалозно побара укинување на средствата кои Европската унија ги дава за поддршка на Македонија, не криејќи дека е во тесна соработка со Фондацијата Сорос.

Македонската преставничка побара укинување на ИПА фондовите од Европската унија со само за нејзе достапни податоци, со кои ја информираше европската јавност. Запрепастувачко беше и нејзиното барање Европската унија, конкретно преку ИПА фондовите, да ја укине компонетата за буџетска поддршка на Владата на Република Македонија, со образложение дека следната година во Македонија ќе има избори.

– Приказната за ИПА фондовите е неуспешна приказна во Македонија, изјави Димова.

Димова, која без никаков аргумент работеше против интересите на сопствената земја во Брисел, сега преку социјалните мрежи шири говор на омраза повикувајќи луѓето кои го запалија Букурешкиот договор колективно да се самозапалат.

Групата Македонски манифест го запали Букурешкиот договор

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.