MKDNews.com

Liberation: Македонија трупа долгови и статуи за да го утврди идентитетот

август 29
23:36 2013

Сместена помеѓу Бугарија и Грција, малата Република Македонија трупа долгови и статуи за да го утврди својот идентитет. Како може една мала земја да се втемели на Балканот, кога нејзините соседи односно Бугарија и го оспорува нејзиниот национален идентитет, а Грција го оспорува нејзиното име, пишува новинарката Елен Деспич – Поповиќ во францускиот весник „Liberation”. 

Веќе две години, оваа мала република со 2 милиони жители, која е принудна да се вика ФИРОМ, вложува извонредна енергија и напори за да докаже дека нејзините корени се древни колку и на двата недоверливи соседа, па така таа ја испишува својата историја преку десетиците бронзени и мермерни статуи кои веќе го красат нејзиниот главен град Скопје.
Во радиус од 100 метри во центарот на македонската престолнина е изложена целата приказна на земјата. Статуата на императорот Јустинијан потсетува дека и по Александар Македонски, Македонија го признава римското влијание. Малку подалеку Цар Самуил седи на својот трон. Според локалните историчари, тој е таткото на првата словенска земја Македонија – но ова е оспорено од Бугарија. Според Софија, тој е бугарски суверен кој го истисна центарот на царството од Софија во Охрид, Јужна Македонија.

Од средновековниот период, Скопје ги величи и просветителите Св. Кирил и Методиј, заслужни за словенската азбука, како и Св. Климент и Наум Охридски – основачи на првиот словенски универзитет, кој е изграден во Охрид. Тоа се четири историски личности, за кои Бугарите и Македонците исто така водат спорови.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment