MKDNews.com

Лани 777 Македонци станале Германци

август 26
19:51 2013

Од вкупно 112.300 странци кои лани добиле германски пасош, 777 се Македонци – објави Дојче Веле.
Според DW, најголемиот број нови државјани се со турско потекло, а пораснал бројот на Срби, Црногорци и Косовари кои добиле германско државјанство.

Германскиот пасош е повторно многу баран кај странците во Германија. Во Германија четврта година по ред расте бројот на примени нови државјани од странците кои живеат во земјата. Како што соопшти Сојузната служба за статистика од Висбаден, во 2012 година германски пасош добиле околу 112.300 странци, речиси пет проценти повеќе од претходната година.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.