MKDNews.com

Кошаркарите поразени од Литванија

август 17
22:04 2013

mekaleeebКошаркарската репрезентација на Македонија го претрпе третиот пораз во петиот контролен меч во пресрет на Европското првенство (ЕП) во Словенија (4-22 септември) откако вечерва, пред до крај исполнатата арена „Борис Трајковски“ загуби во пријателскиот натпревар против силната Литванија (50-62).
Ако одбраната може да добие преодна оценка со оглед на малиот број примени поени, нападот на вечерашниот дуел мора да биде максимално изанализиран бидејќи жолто-црвените одамна немаат постигнато само 50 поени. Шутот не одеше, а премногу се форсираше во ударите за три поени (5/24). Со 28-отсто шут од поле едноставно не може да се добие далеку послаб противник, а не, пак, екипа која го има епитетот на неколкукратен проанешен европски шампион.

Првите пет минути од втората четвртина, во кое направивме серија од 13-0 и дојдовме до двоцифрена позитива (24-14) треба да бидат појдовната точка за периодот кој следува во пресрет на дуелите од ЕП, каде што сме во иста група со вечерашниот противник. Но, веднаш потоа следуваше драстичен пад во кој „зелените“ враќаат со 11-2 и повторно обезбедуваат резултатски приклучок (25-26).

Од тие моменто се до средината на последниот дел се играше речиси кош за кош, а последниот пет-шест минути беа можеби најлошите на македонската репрезентација во последните години што ни донесе на крајот и убедлив пораз. За обележување е и нашата инфериорност во скокот со оглед на тоа што имавме 13 скока помалку (26-39)

Дамјан Стојановски и Предраг Самарџиски со по 11 поени беа најефикасни во напиот тим додека Лестер Бо Мекејлеб застана на 10 поени.

Репрезентативците утре ќе имаа слободен ден, а задутре патуваат за Шпанија каде што во вторник и во среда ќе одиграат две пријателски средби.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment