MKDNews.com

Конгресменот Смит нов пријател на Македонија

август 29
14:37 2013

390px-Adam_Smith_WA-9Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) го претстави најновиот член на групата Конгресмени пријатели на Македонија и Македонски Американци – Конгресменот Адам Смит (Демократ-Вашингтон). Конгресменот Смит е претставник на 9-та конгресна област во државата Вашингтон и е 20-от член кој и се приклучува на Конгресната група на пријатели на Македонија.

Господинот Смит беше избран за конгресмен во 1996 и ова е негов 9-ти мандат. Тој е висок член на Комисијата за Вооружани Служби која е одговорна за финансирање и надзор на Министерството за Одбрана и Американските вооружани сили, како и за поголем дел на Одделот за Енергетика.

Смит, функцијата сенатор во државата Вашингтон ја доби во 1991 до 1997 и на негова 25 годишна возраст беше најмладиот државен сенатор во Соединетите Американски Држави.

“Ми беше големо задоволство да го запознаам Конгресменот Смит и да поразговарам со него за неговата подршка на Македонско-Американската заедница и да го поканам да стане член на групата подржувачи на Македонија”- рече регионалниот ОМД Сиател/Вашингтон претставник Ѓорѓи Ѓеорѓиевски, кој заедно со Тифани Куртис пријател на Македонија, се сретна со Конгрсменот и негови соработницина 14-ти Август, 2013.

“Ние го информиравме Конгресменот за македонската заедница и важноста и значењето на нашето наследство и култура. Исто така дискутиравме за долгорочните цели на Македонија во врска со напредокот и безбедноста во регионот како и за пречките со кои се соочува Македонија во остварување на истите. На крајот се разви дискусија за важноста од приклучување на Македонија кон НАТО алијансата, без понатамошни одлагања.”

Во државата Вашингтон постои растечка Македонска заедница чии што членови се интегрирани и вработени претжно во елетронската технологија, образованието и медицината. Сиател е втора локација на западниот брег во САД во која ОМД има свои претставници и се залага за зацврстување на односите во заедницата и за зачувување на нашето богато културно наследство и традиција.

“Пријатели на Македонија е тело формирано за зацврстување на заедничките и пријателски полезни односи помеѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. На наше големо задоволство сакаме да му посакаме топло добредојде на конгресменот Смит во групата на пријатели на Македонија”- рече претседателот на ОМД Методија А.Колоски. “Изразуваме голема благодарност до Ѓорѓи и Тифани за нивното лидерство за подобра и посилна Македонска заедница и едукација на креаторите на политиките за македонските прашања.”

Како глас за Американците со македонско потекло во главниот град Вашингтон ОМД со нетрпение ја очекува соработката со сите членови на конгресмени пријатели на Македонија во однос на унапредување на својата работа за зајакнување на американско-македонските односи. ОМД ги охрабрува сите Македонски-Американци да се поврзат со нивните членови на Конгресот и да ги замолат ги да се приклучат на двопартиската конгресна група на пријатели на Македонија и Македонски-Американци.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.