MKDNews.com

Командант Ваљони унапреден во мајор !

август 17
13:14 2013

Eтеми Шеваљ обвинет дека бил еден од оние кои во конфликтната 2011 година, буквално се изживуваа врз мавровските работници, од министерот за одбрана Талат Џафери е унапреден во чин мајор.
Тоа го сторил лично министерот за одбрана Талат Џафери. И за да биде мир во коалицискиот двор, и да не се наруши ничиј рејтинг, ова Џафери го направил без согласност на ГШ на АРМ.

Унапредувањето на офицерот било на масата на началникот на Генералштабот на АРМ, генерал-мајор Горанчо Котески, но тој одбил да го потпише.

Инаку, станува збор за Шевал Етеми, лице кое за време на конфликтот било во редовите на ОНА и е еден од обвинетите за киднапирањето и малтретирањето на мавровските работници во 2001 година. Но, во септември 2011 година беше амнестиран од страна на обвинителството кога се повлече од водењето постапка за првиот од четирите хашки случаи.

Да потсетиме, на рочиштето за Мавровските работници” обвинителот изјави дека овој случај се затвора поради автентичното толкување на Законот за амнестија. Тоа значеше дека се запираат кривичните постапки и потполно се ослободуваат од казна затвор осомничените за дела поврзани со конфликтот во 2001 година. Случајот Мавровски работници” е еден од четирите случаи кои Хашкиот трибунал им ги врати на македонските судови и единствен за кој почна судски процес.

Во АРМ даден чин мајор на еден од обвинетите за малтретирањето на мавровските работници!?

 

mavrovski

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.