MKDNews.com

Кој е помрзлив, натпревар во најдолго лежење во Црна Гора

август 31
23:14 2013

Правилата на натпреварот во лежење се едноставни, на учесниците им е се дозволено освен да стануваат. Оној кој најдолго ќе се „легачи“ ќе си отиде дома со 200 евра награда.

Ова е натпревар што се одржува во Црна Гора под слоганот „Има леб без мотика“ и ова е негово второ издание.

16105259114ed0dc2595068325588310_origКако што пренесува новинската агенција Анадолија, сопственикот на етноселото каде што е лоциран натпреварот Микоња Благојевиќ, соопштил дека може да учествуваат луѓе од различни профили, а правилата се едноставни.

– Нема станување ниту за до тоалет. Овој настан е повеќе од забавен карактер, но сепак се добива награда, вели Благојевиќ.

Според организаторот, сите учесници се од Црна Гора и биле вкупно седум. Еден од нив се откажал бидејќи имал физиолошка потреба.

– Морав во тоалет, немам леб ни од ова, но имав и силна конкуренција, изјавил Бајо Вујачиќ, кој прв изгуби на натпреварот.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment