MKDNews.com

Кинезите изградиле град кој е копија на Париз (фото)

август 04
17:24 2013

Ова не е Франција! Овој град е целосно нов град кој претставува копија на Париз и се наоѓа во Кина. Градот содржи реплики на многу познати објекти од Париз како Ајфеловата кула, фонтани од Версај и целиот е изграден во европски стил.
Овој град започнал да се гради во 2007, а локалните медиуми тврдат дека денес тоа е град – дух, речиси без жители. Многумина го посочуваат како пример на нездравите бизнис основи на кинескиот недвижен сектор,
Но, има и такви, како Стивен Роуч, поранешниот прв човек на Морган Стенли банката, кои велат дека овие градови допрва ќе процутат во живи метрополи, како што Кина продожува да се урбанизира.

Освен Париз, Кинезите имаат изградено и реплики на италијански, германски, англиски, швајцарски и други европски градови.

[print_gllr id=13658]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.