Кинески тајкун направил планински врв на облакодер (фото/видео)
Mедицински магнат помина шест години во изградбата на неговиот приватен врв и луксузна вила високо на покривот на зграда во главниот град на Кина.
Откако стана “популарена” и нејзините слики се наоѓаат на интернет, властите му дадоа рок на магнатот од 15 дена да го сруши своето ремек-дело.
Карпестиот комплекс на врвот на зградата од 26 спрата со соби, карпи, дрва, грмушки, личи на зграда подигната на карпесто море, и стана симбол на непочутување на законот од страна на богатите и уште повеќе ја потикна широко распространета пракса на бесправната градба.
Соседите велат дека со години се жалеле дека бесправната градба од 80 квадратни метри, ја загрозува безбедноста на зградата и нејзините инсталации, но локалните власти ништо не преземале. Тие, исто така се жалеа на бучава и забавите над нивните глави.
Градежен инспектор на округот, Даи Јуна, изјави дека Владата ке ја сруши зградата за 15 дена, ако сопственикот не покаже документи дека таа била изградена со дозвола. Даи рече дека неговата канцеларија досега не добила таков доказ.
Сопственикот на куќата на покривот e сопственик на компанија која се занимава со традиционалната кинеска медицина и поранешен член на политичка советодавно тело на округот …
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment