MKDNews.com

Километарски колони на патарините кон Гевгелија (фото)

август 03
19:14 2013

Македонија очигледно и натаму е земја низ која транзитираат бројни туристи од Европа кон Грција но и кон Турција. Тоа беше забележливо токму денеска кога патаринити беа затрупани со километарски колони.

Овие фотографии ги направиле ТВ Сител на платната рампа кај Куманово на која се чекаше повеќе од час и половина. Еден турски гарстарбајтер од Германија кој патува кон Турција на годишен одмор за Сител изјавиле дека негов пријател кој денеска рано минал низ Македонија на наплатните рампи на автопатот Куманово –Гевгелија чекал вкупно повеќе од 4 часа. Ако тука се додаде и чекањето на граничните премини излегува за да се помине малата Македонија од Србија до Грција се потребни речиси 10 часа. Што е многу , многу е.
Очигледно време е да се побара друга опција и да се отстранат патарините барем во екот на летната туристичка сезона бидејќи секој кој еднаш вака ќе заглави следниот пат ќе ја заобиколи нашата земја.
Туристите се жалат и на лошата кетеринг понуда долж автопатот без мотели и катчиња за одмор.

[print_gllr id=13523]

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.