MKDNews.com

Кери:Доказите за употреба на хемиско оружје од режимот на Асад веќе се декласифицирани (видео)

август 30
20:02 2013

Американскиот државен секретар Џон Кери за време на прес-конференцијата во петокот изјави дека американското разузнавање поседува податоци за употреба на хемиско оружје во Сирија од страна на владата на претседателот Башар ал-Асад, и од тие докази е тргната ознаката за доверливост и веќе се обајвуваат.
„Доказите, добиени од илајдници различни извори, веќе се објавуваат. Можете да ги прочитате тие документи и да се убедите дека Асад го употребил хемиското оружје во областите контролирани од страна на опозицијата во предградијата на Дамаск. Тој тоа го сторил не само утрото на 21-ви август”, рекол Кери.

Американскиот државен секретар нагласил дека објавувањето на документите претставува преседан во американската практика.

Кери потенцирал дека американските експерти добиените податоци ги подвргнале на неколкукратни проверки за да не се повторат грешките од Ирак.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.