MKDNews.com

Кавга во Лондон го одложува нападот врз Сирија? (видео)

август 29
16:18 2013

Воздушниот напад врз Сирија поради наводна употреба на хемиско оружје би можел да биде одложен за следната недела бидејќи британската влада нема поддршка од опозицијата.

Долниот дом на британскиот парламент денес одлучува за предлогот на премиерот Дејвид Камерон да се одобри „силен хуманитарен одговор“ на наводните воени злосторства на сириската влада.

Лидерот на британската опозиција Ед Милибанд најави дека ќе побара од неговите лабуристи да гласаат против предлогот на владата доколку не се усвои амандман кој бара одлагање на каква било воена интервенција, пренесува „Гардијан“.

Опозицијата бара Советот за безбедност на ОН да се изјасни за извештајот на инспекторите за хемиско оружје, дали е извршен хемиски напад, како и да се изнесе јасен доказ кој би го обвинил режимот на претседателот Башар ал-Асад дека е одговорен за нападот, пишува „Индипендент“.

Лабуристите меѓу условите наведоа и неопходност да постојат јасни основи во меѓународното право за започнување интервенции.

Премиерот Камерон, соочен со силен отпор од опозицијата да не се влегува избрзано во каков било напад врз Сирија, предложи гласањето во парламентот да се одржи два пати за да помине предлогот на владата.

Медиумите претходно објавија дека напад врз Сирија би можел да почне до крајот на неделата, но со оглед на расколот на британската политичка сцена тој напад би можел да се одложи за следната недела или барем до вторник, кога американскиот претседател Барак Обама ќе отпатува на самитот на лидерите на Г-20 во Санкт Петербург.

Сосанокот на парламентот може да го следите во живо подолу

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.