MKDNews.com

Карлеуша добила телефонска сметка од 6.500 евра (фото)

август 24
03:03 2013

BSXaO7IIgAAhXVNДодека српскиот народ едвај крпи крај со крај, Јелена Карлеуша ќе мора на мобилниот оператор да му плати 740.000 динари или 6.480 евра за телефонска сметка, пишува Телеграф.рс.

Како што пишува српскиот портал, на пејачката ѝ стигнала порака во која пишува да си ги плати долговите, а таа како коментар на „Твитер“ напишала дека за се е виновен роамингот.

Не се знае од каде Јелена ја посетила социјалната мрежа, но после нејзиниот твит, социјалната мрежа се вжешти од коментари, главно негативни, пишува Телеграф.рс.

Ниту нејзините обожаватели не беа благонаклонети кон пејачката, што покажува и коментарот на еден обожавател кој ѝ рекол дека за тие пари можела да купи чанта од „Луи Витон“.

Фото Твитер

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.