MKDNews.com

Калифорнија: Киднапираната тинејџерка пронајдена, киднаперот убиен

август 11
08:46 2013

Киднапираната тинејџерка од Калифорнија Хана Андерсон е пронајдена и е  безбедно во Ајдахо, додека нејзиниот грабнувач осомничениот Џејмс Ли Ди Мажио е убиен, јавија официјални лица од Каунти Шерифот во Сан Диего.
Шерифот од Сан Диего господинот Вилијам Д. Гор рече дека властите од шерифската полиција од Сан Диего го известиле таткото на тинејџерката која беше спасена.

628x471“Се чини дека таа е во добра состојба и од кога беше спасена е префрлена во болницата во Ајдахо ,и на прв подлед изгледа дека не била држена на сила”, рече Гор.

„Четириесет годишниот Џејмс Ли ДиМажио беше убиен од страна на тактички агенти на ФБИ северно на крајот на Езорото Морхед одкако нивниот камп беше забележан од воздух од страна на ФБИ “ додаде Гор.

Според Fox40.com, ДиМажио бил убиен околу 19:15 по калифорниско време (00.15 недела македонско ) во саботата.
ФБИ за Асошиетед прес изјави дека ќе испрати тим за да се испита што се случувало пред и за време на пукањето.

Четириесет годишниот Џејмс Ли ДиМажио од Калифорнија неколку дена  беше во бегство одкако ја убил неговата пријателка Кристина Андерсон и ја запалил сопсвената куќа со цел да го сокрие овој хорор, па ја киднапира нејзината ќерка Хана.

Хана Андерсон последен пат била видена на  3 август,  а еден ден подоцна, телата на нејзината мајка Кристина и нејзиниот брат  Итан Андерсон биле пронајдени откако властите се упатиле да гаснат пожар во куќата на ДиМажио.

Како повод за овој бизарен настан полицијата навадува дека Џејмс имал привлечност кон малолетната ќерка на Андерсонови.

Хана Андерсон

Хана Андерсон

Хана Андерсон

Хана Андерсон

Хана Лево Итон десно

Хана Лево Итан десно

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.