MKDNews.com

Каков вкус има хамбургерот од епрувета? (видео)

август 05
21:47 2013

Денес конечно бил дегустиран првиот хамбургер производен во лабораторија, па така, двајцата експерти кои што го пробале во Лондон го дале и својот суд: “Неочекувано е сличен на вистинското месо!”.

Првиот хамбургер е направен од месо добиено во лабораторија од матични ќелии од крава а беше претставен и изеден денес во Лондон.
-Очекував малку помека текстура. Вкусот е интензивен, близу е до месото, но не е така сочно. Конзистентноста е перфектна, само недостасуваат сол и бибер. Да, за мене ова е месо и воопшто не се распаѓа- рече научникот и експерт за храна Хани Ројцлер по првиот гриз.

[print_gllr id=13845]
Зад овој хамбургер, во чие производство до сега вложени се 250.000 фунти, стои екипа од холандски научници од универзитетот во Мастрихт. Оваа мисија предводена е од страна на професорот Марк Пост.
Освен споменатата сума на пари, потребни биле шест недели да се направи говедско месо од лабораторија а плескавицата од 142 грама содржи и презла, сол, јајца во прав и шафран.
За природната црвена боја користен е сок од цвекло. Месото е испржено на сончогледово масло и малку путер.
Главен финансиер на целиот проект е Сергеј Брин, еден од основачите на Гугл.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.