MKDNews.com

Јубилеј – 20 години македонска репрезентација (фото)

август 17
23:35 2013

Со денешниот натпревар меѓу Македонија и Литванија воедно беше одбележана и 20-годишнината од првата одиграна средба на македонската кошаркарска репрезентација. Во таа пригода, беа поделени свечени признанија на првиот македонски селектор, Александар Књазев, како и на членовите на таа селекција, од кои поголемиот дел беа присутни вечерва во СЦ „Борис Трајковски“.

Воедно, беа доделени награди и за репрезентативците што во изминатите дваесетина години оставија свој печат врз кошаркарската игра во Македонија, како и за искусните стручњаци Лечиќ, Андоновски, како и легендата Благоја Георгиевски Буштур.

Изненадувачки, на церемонијата кога се одбележуваше прекрасен јубилеј на нашиот национален тим воопшто не се спомна името на Заре Марковски, стратегот што ја одведе Македонија на првото Европско Првенство, она во Франција во 1999 година.

[print_gllr id=15099]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment