MKDNews.com

Јапонците испратија робот што зборува во Вселената (видео)

август 04
19:37 2013

Киробо е првиот хуманоиден „робот-астронаут“. Неговото име е комбинација од два јапонски збора кои значат „Надеж“ и „Робот“.Овој робот кој беше испратен во вселената е резултат на соработката на маркетинг агенцијата „Дентсу“, Истражувачкиот центар за напредна наука и технологија од Универзитетот во Токио, компанијата „Robo Garage“ и „Toyota Motor Corp“.

article-2384250-1B22DA5D000005DC-971_634x552– Русија прва замина на пат во вселената, Американците први стапнаа на Месечината, а ние сакаме Јапонија да биде првата, која ипраќа робот астронаут во вселената, кој може да комуницира со луѓе, изјавила проект-менаџерката на Киробо, Јоричика Нишијима.

Ракетата во која се наоѓа Киробо, е лансирана од Танегашима, на југозападот на Јапонија, и се наоѓа на пат кон меѓународната вселенска станица.

Инаку Киробо ќе му прави друштво на астронаутот Коичи Вакати и ќе комуницира со друг робот на Земјата. Пред лансирањето, 34-сантиметри високиот Киробо даде изјава за новинарите.

Тој во стилот на првиот човек кој зачекори на Месечината ја даде оваа изјава: „Ова е мал чекор за мене, но голем за роботите“.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment