MKDNews.com

Изгоре фарма со свињи

август 05
11:45 2013

Синоќа оган изгоре фарма во непосредна близина на Свети Николе. Според првичните оценки на светиниколските пожарникари, опожарен е објект од околу 450 метри квадратни. Во него се чувале над 25 свињи и околу 6000 бали детелина. По дојава од граѓанин на Свети Николе дека густ црн чад се издига од спомнатата фарма, светиниколската противпожарна екипа експресно реагирала.

За помалку од три часа успеала да го локализира и целосно огнот да го изгасне. Други детали за причината за опожарувањето, износот на штетата, како и бројката на изгорениот добиток, засега надлежните од светиниколската полиција не изнесуваат, објави Канал 5.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.