MKDNews.com

Избегнат нов инцидент во собрание (видео)

август 23
02:50 2013

Избегната тепачка меѓу пратенците Реџаил Исмаили и Благоја Стојановски на комисијата за законот за медиуми. Претседателот на комисијата за транспорт и врски, Реџаил Исмаили откако му даде збор на министерот Иво Ивановски да објасни зошто го прифатил амандманот, не му дозволи на пратеникот од СДСМ Благоја Стојановски да реплицира. Образложението на претседателот беше дека излагањето на министерот е дообјаснување и затоа нема право на реплика.

Пратениците од опозицијата не се согласија со недобивањето на реплика или процедурално и неколку од нив во знак на револт отидоа до претседателот на комисијата Реџаил Исмаили. По ова Исмаили ја прекина за кратко седницата… На крајот сепак се смири ситуацијата и комисијата продолжи со работа.

Пратениците денеска продолжија со амандманската расправа по Предлог-законот за аудио и аудиовизуелни комуникации. На седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија во изминатите два дена се поминати 63 амандмани, од вкупно 94 поднесени за овој закон, од кои прифатени се 20. За Предлог-законот за медиуми и за аудиовизуелните медиумски услуги се поднесени околу 130 амандмани, повеќето од опозицијата. Денеска е последен ден од предвидените три, според Деловникот за работа на Собранието за комисиско изјаснување по амандманите.

http://www.youtube.com/watch?v=gBHwjwr1zrM&feature=em-uploademail

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.