MKDNews.com

Искршил автомобил па се пофалил на Facebook (фото)

август 20
17:12 2013

Во последно време гледаме бројни примери низ светот кои покажуваат дека голем број криминалци не знаат да да ги користат социјалните мрежа како што е Фејсбук.

Американцеот Луис Родригез (18) бил толку горд што потерницата по негоnbsp;завршила меѓу фотографиите на бараните лица, што таа фотографија ја лајкувал и ја споделил со пријателите на Фејсбук.
Голем број досегашни случувања покажаа како голем број криминалци не знаат да се служат со Фејсбук, па својата активносот на оваа социјална мрежа и помагаат на полицијата што побрзо да ги најде.
Најновиот „гениј“ кој е уапсен благодарејќи на својата активност на Фејсбук е Американцеот Луис Родригез (18) кого полицијата го барала заради вандализам, затоа што го шарал по полициски автомобил. Полицијата од Хантингтон Бич на својата фејсбук страница ја објавила фотографијата на учесникотnbsp;во неодамнешните нереди, а на една фотографија се наоѓал и Родригез.

Тој бил толку гордnbsp; што завршил меѓу фотографиите на бараните лица што таа фотографија ја лајкувал и ја споделил со пријателите на Фејсбук. Од полициската станица рекоа дека другите корисници на оваа социјална мрежаnbsp;забележале дека бараниот Родригез ја лајкувал фотогарфијата на која се наоѓа, па веднаш ја предупредиле полицијата.

Како ни тоа да не било доволно, па Родригез на својот прифил ја објави фотографијаnbsp;на која седи на полициски автомобил облечен во иста маица и на која носи иста капа како и на фотографијата која ја објавила полицијата. Не само што Родригез не ја избришал оваа фотографија, туку за неа неnbsp;подесилnbsp;приватност како што треба, па ја виделе сите корисници на Фејсбук. Со самото тоа полицијата немала тешка работа па брзо го фатиле, откако корисниците на Фејсбук го пријавиле, го пронашле и го привеле Родригез.

Многу корисници на Фејсбук не можеа да веруваат кога виделе дека ова момче ја лајкувало својата фотографија на полициската страница, па врз основа на тоа го прогласиле за еден од „најглупавите криминалци во историјата“
104657
fb-ogdovor

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.