Илјадници луѓе оддадоа почит на легендарниот Елвис Присли (видео)
За да оддадат почит на легендата на рокенролот Елвис Присли по повод 36-годишнината од неговата смрт, обожавателите од целиот свет се собраа на годишното бдеење во Грејсленд .
Илјадници фанови со запалени свеќи синоќа во тишина одеа низ Градината за медитација во Грејсленд, домот на Присли во Мемфис. Во градината се наоѓа неговиот гроб, како и гробовите на неговите мајка, татко и баба.
Секоја година обожавателите на музиката и филмовите на Присли доаѓаат во Мемфис на Елвисова недела, еднонеделна прослава на неговиот живот и кариера. Присли почина на 16 август 1977 од срцев удар после долгогодишни проблеми со алхохолот.
Бдеењата почнаа како неофицијални собири една година после неговата смрт, за подоцна да прејдат во голем туристички настан.
Песните на Елвис Присли засекогаш ќе бидат запамтени.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment