MKDNews.com

И француската амбасада бара помош за пронаоѓање на Валери

август 14
14:46 2013

Освен МВР , и француската амбасада испрати соопштение во кое бара помош во врска со исчезнувањето на Французинката Валери Незироски , која е пријавена за исчезната пред повеќе од 20 дена.Од француската амбасада апелираат до сите кои имаат информации да ја контактираат полицијата на телефонскиот број 192.

На сајтот на министерството за внатрешни работи од вчера е објавено дека 39-годишната Валери Незироски од Франција е исчезната, и се повикува доколку некој граѓанин има било каква информација , да пријави во наблиската полициска станица.

Незироска е висока 168 сантиметри и тешка 55 килограми. Валери беше пријавена како исчезната, кога излегла од домот во Кичево и не се вратила. Нејзиниот сопруг за Канал 5 изјави дека таа со себе не зела ниту пасош,ниту пари .

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.