MKDNews.com

Хрватска ќе им плаќа на жителите кои имаат штрк над кровот

август 24
18:31 2013

Хрватска од државна каса ќе плаќа по 700 куни, околу 93 евра, на домовите на чии покриви направиле гнездо бели штркови, објави весникот „Јутарњи лист“.

Станува збор за четиригодишен проект на Министерството за животната средина за заштита на белите штркови, за што се обезбедени 350.000 куни. Тоа значи дека ќе има пари за околу 500 гнезда.

Парите ќе се исплаќаат на сопственици на имоти, каде имаат гнезда штрковите, за да не ги уништуваат и да се грижат за нив.

Официјално потпишување на проектот, кој ќе се финансира од фондот за заштита на животната средина и од локалните власти, е планирано за септември. Засега согласност за учество во проектот дале 11 од вкупно 20 области во земјата.

Во Хрватска има околу 1.300 гнезда на бели штркови, но нивниот број постојано се намалува поради урбанизацијата и загадувањето на животната средина.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.