MKDNews.com

Групата Македонски манифест го запали Букурешкиот договор

август 09
20:37 2013

Со палење копии од Букурешкиот договор, групата Македонски манифест денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје одбележа 100 години од договорот со кој по Балканските војни Македонија беше распарчена и упати апел за национално единство за спречување на евентуалниот нов Букурешки договор преку преговорите за името.

DA36CF02AA5348C7731318F4E4292085– Наше основно прашање на овој црн јубилеј е како да се одбраниме од вампиризмот на новиот Букурешт на истите европски сили, кој сака да не докрајчи, сега со замисленото менување на името. Одговорот е само со цврсто национално единство, храброст и самопочит, доблести кои, за жал, денес ги имаат само уште малите и столчени, а не империјалните и суетни народи. Ние групата Македонски манифест за таа цел, под мотото „Името е нашата татковина“, го повикуваме македонскиот народ на единство и натпартиска слога и свест. Го повикуваме да се разбуди и цврсто да застане во исконот на својот идентитет, од кој впрочем и никогаш не излегол, да се побуни против неговата изолација од срамните преговори за името и да им каже не на сите што прават сметка во крчма без него, рече поетот Ефтим Клетников, член на Иницијативниот одбор за формирање на групата Македонски манифест.

1148936_10151802117272138_1528882546_n

Според Клетников, со палењето на кобниот Букурешки договор сакаат да го прогласат како ништовен за нив и да упатат порака до сите што сакаат на најперфиден начин да не ликвидираат дека не сме заспани, туку сме будни пред злото што тропа на нашата врата и дека ќе му се спротивставиме со сите возможни средства.

– Мали сме, но не ни недостига храброст и нема да дозволиме безгласно да бидеме ликвидирани како страшливци и малодушници. Ќе се бориме до последниот атом на духот и на силите. Ќе им кажеме на сите сегашни и идни букурешки договори кон Македонија: Смрт! Нашата порака со палењето на кобниот Букурешки договор е упатена до сите моќници што сакаат да не уништат, рече Клетников.
Групата Македонски манифест, која ја сочинуваат над 50 интелектуалци, уметници, смета дека решение за наметнатиот спор за името не е можен со оглед дека целта е бришење на Македонците како посебен народ. Тие во својот манифест оценуваат дека е време по 20 години од нефункционалната медијација во Њујорк да се покрене иницијатива за прекинување на преговорите и враќање на уставното име на државата во ОН.

palenje33

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Write a Comment