MKDNews.com

Груевски отвори спортска сала во Ростуше (фото)

август 17
17:52 2013

098B59DFBFB64A6100AD84DB13A5DAB3Во присуство на голем број на жители на општината Маврово Ростуше, премиерот на Македонија, Никола Груевски денеска на свечен начин ја пушти во употреба новата спортска сала во близина на Ростуше, јави дописникот на Макфакс од Дебар.
На свеченоста Груевски нагласи дека за прв пат овој прекрасен регион по долината на реката Радика доби спортска сала .

За оваа спортска сала која ќе ја користат сите селски населби на општината инвестирани се 37 милиони денари, а салата има околу 500 седишта и модерна спортска опрема. Младите добиваат можност и тие да развиваат преку разни спортови, а салата ќе ја користат и училиштата од регионот“, изјави Груевски, додавајќи дека оваа сала го носи името „Македонија“.

Покрај оваа сала, во општината се реализирани и други бројни проекти во сферата на патната инфраструктура, водоводи изградени се амбуланти и други објекти.

Градоначалникот на општина Маврово Ростуше, Мукрем Мехмеди рече дека новата сала што го носи името „Македонија“ е дел од рекреативниот спортски центар „Радика“, во кој се планира да има додатни спортски објекти .

„Оваа сала е од големо значање на населението на општината“ рече Мехмеди и додаде дека салата има 1300 метри квадратни што значи дека е доволно голема за спроведување на бројни спортски активности.

Поздравен збор имаше и директорот на Агенцијата за млади и спорт .

Премиерот Груевски и неколку министри од владата придружувани од градоначалникот на Мехмеди, потоа ги посетија населените места Ростуше, Скудриње, Жировница и други села во општината, каде што имаа средби со граѓани.
[print_gllr id=15015]

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.