Гробот на Александар сепак не е пронајден
август 23
19:46
2013
Грчкото Министерството за култура предупреди на „премногу смелите“ шпекулации дека во недомна пронајдената древна гробница може да се наоѓа и гробот на Александар Велики – јави дописникот на МИА од Атина.
Археологот Екатерини Перистери неодамна изрази надеж дека во гробницата е пронајден „значаен поединец или поединци“. Некои грчки информативни портали напишаа дека „во гробницата може да се наоѓа и долго бараниот гроб на воинствениот крал од четвриот век пред нашата ера Александар Велики, за кој се смета дека е закопан во Египет“.
Министерството предупреди дека е „премногу смело“ локацијата во близина на Амфиполис, 600 километри северно до Атина, да се поврзе со „историски личности“ пред ископувањето целосно да заврши.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment