MKDNews.com

Грција: Започна со работа ново – старата државна телевизија

август 21
20:21 2013

EPT_logo.svgНовиот грчки државен телевизиски канал почна да емитува вести денес наутро,два месеци откако владата ја затвори државната телевизија ERT.
Пуштањето на новиот канал дојде откако Европската унија за радиодифузија излезе со мислење дека
престануваат техничките услуги за емитување на веќе зарворената грчка телевизија,чии поранешни работници продолжуваат да работат во зградата и да емитуваат 24-часовна програма.
Во јуни грчката конзервативна влада на изненадување на сите  ја затвори ERT и ги отпушти сите нејзини 2.700 вработени со аргумент за големите трошоци за одржување во услови на финансиска криза.
Незадоволството од оваа акција на властите доведе до парламентарен спор, во кој една левичарска партија се повлече од владејачката коалиција. Така конзервативците останаа со кревко мнозинство во парламентот.
Во знак на протест против затворањето на државната телевизија работниците кои останаа без работа ја зазедоа нејзината централа во Атина и продолжија да произведуваат програма.
Отогаш Европската унија за радиодифузија за одржување за нивната програма обезбеди сателит и веб страница.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.