Градоначалникот Зијадин Села го исфрлил директорот на Нико Нестор од канцеларија?!
Во кабинетот на директорот на средното училиште Нико Нестор во Струга утрово дошло до инцидент кога таму пристигнал градоначалникот на Струга Зијадин Села заедно со неколку вработени во Локаланта и физички го исфрлил од канцеларијата директорот на училиштето Васил Максимоски, дознава Охрид 1 од свои извори.
Тој е разрешен под образложение не исполнување на годишната програма, со оглед на тоа дека единствен орган кој може да процени дали е исполнета или не е Поросветен иснпекторат или Бирото за образование, решенијето му е незаконско, по тој основ, по барање на Просветен иснпекторат, Централниот регистар не го верификува новиот директор и не му дава потпис. Согласно горе наведеното по закон Васил Максимоски продолжува да ја врши фунцкијата последниве две седмици – тврдат извори од ВМРО ДПМНЕ во Струга.
Зијадин села заедно со секретарот на Општина Струга и Началникот на секторот за образование и двајца вработени дошле во Нико Нестор, и го исфлиле Максимоски физички од канцеларијата.
Охрид 1 се обрати кај Васил Максимоски но тој не одговарал на повиците на порталот.
За разлика од него, градоначалникот Села предмалку за Охрид 1 изјави дека Максимоски не е исфрлен од објектот туку е сменет од директорската функција.
– Истиот директор има одлука од пред 8 месеци да е разрешен Училишниот одбор го има разрешено и тука нема ништо спорно. Централниот Регистар го дава потписот. Веста дека принудно е одстранет не е точна, а дека е од диркетроската функција сменет е точна – рече струшкиот градоначалник Зијадин Села.
There are no comments at the moment, do you want to add one?
Write a comment