MKDNews.com

Градоначалникот на Македонски Брод увезува Украинки – имале многу „стари ергени“

август 21
16:11 2013

ergeniiiiГолемиот број на ергени го загрижил градоначалникот на Македонски Брод, Милосим Војневски, па одлучил на момците од Поречието да им нуди бесплатно патување до Русија и Украина за таму да си најдат невести. Војневски дури ветил и свадби на трошок на општината, објавува Канал 5.

Во Македонски Брод некогаш живееле 24.000 жители, а сега населението брои само 8.000 луѓе. Девојките “бегаат“ во поголемите македонски градови или надвор од државата, за мажите се соочуваат со дефицит на девојки за мажење. Ваквиот проблем го натерал Војневски да им понуди на над 200 стари ергени од Поречието да си ја пронајдат љубовта во Русија и Украина.

Битолска невладина организација им ги нуди младите Русинки и Украинки на ергените, но, засега има само четворица пријавени. За да се формира групата која на трошок на Општината ќе оди во Русија и Украина, треба да има минимум 20 кандидати.

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.