MKDNews.com

Голема победа за Македонија во Улм: Грција на колена !

август 23
20:21 2013

Македонската кошаркарска репрезентација забележа победа над селекцијата на Грција (77-75) на пријателскиот натпревар што се одигра во Улм, во рамките на турнирот „Суперкуп“, на кој учествуваат уште и селекциите на домаќинот Германија и на Босна и Херцеговина.

Кога играат против Грците, нашите македонски кошаркарски херои имаат посебен мотив, а кога се максимално мотивирани, тие умеат да прават и чуда. И навистина е чудо да се совлада една моќна селекција како Грција, која важи за еден од главните фаворити за освојување на златен медал и на претстојното Европско првенство во Словенија.

Дуелот го отвори Лестер Бо Мејкејлеб со три поени, а по неколку неуспешни напади на двете страни возврати Катсивелис, исто така со „тројка“. Потоа профункционира релацијата Мекејлеб – Антиќ, при што и нашиот капитен ги постигна своите први поени. Во следниот напад се обиде и за тројка – неуспешно, а Принтезис во серија постигна четири поени и Грција го презеде водството, 5-7.

мкд-гр

 

0 Comments

No Comments Yet!

There are no comments at the moment, do you want to add one?

Write a comment

Only registered users can comment.